Вработените во итната помош во Белград не можеле да се приберат од емоции: „Сите плачеме, се тресеме“

 

 

При првото јавување во итната помош било кажано дека се повредени 20 лица.

„Кога дојдовме на терен затекнавме осум повредени, чуварот беше мртов. На Итната помош се примени четири деца кои се во операциона сала, едно лице е во животна опасност. Цела Итна помош плаче, се тресеме “, изјавија за „Блиц“ од Итната помош.

Четиринаесетгодишниот ученик Коста Кецмановиќ беше уапсен откако уби осум ученици и чуварот во училиштето.

Како што пишуваат српските медиуми, Кецмановиќ бил одличен ученик и бил револтиран од тоа што добил единица од историја, иако официјално, причината за масакрот засега останува непозната.

03.05.2023 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега