Вучиќ: Хрватска не е виновна, таа го прави истово од 1941 година
Српскиот претседател Александар Вучиќ кажа дека Хрватска сама се пофалила дека е заслужна за тоа што Србија остана без руска нафта.
Вучиќ потсети дека Србија барала од Западен Балкан да биде изземен од забраната на Европската унија за увоз на руска нафта, но сепак тоа не беше прифатено.
„Хрватска го прави истово со децении. Јас повторувам, тие го прават истото од 1941 година. Воопшто не ги обвинувам“, кажа претседателот на Србија.
06.10.2022 - 13:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа