Вучиќ и Курти на 2 мај во Брисел

 

 

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, на 2 мај во Брисел свика средба на високо ниво во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Своето присуство го потврдија претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и косовскиот премиер, Албин Курти.

Тема на разговорот, како што се наведува во соопштението на службата за медиумска соработка на ЕУ, ќе бидат нацрт-статутот на заедницата на српските општини и декларацијата за исчезнати лица.

Фокусот, како што се наведува, ќе биде ставен на имплементацијата на договорот за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина, а се очекува страните да ја поддржат декларацијата за исчезнати лица како прва точка на дневниот ред по што ќе биде донесен првиот нацрт и ќе биде претставен статутот на заедницата на српските општини на северот од Косово.

Исто така, според најавата, ќе имаат можност да разговараат и за други прашања од политичко значење.

Најавено е присуство и на специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.

 
28.04.2023 - 14:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега