Вучиќ му одговори на Харадинај: Ти ли ќе нѐ бомбардираш?

 

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, одговори на изјавата на Рамуш Харадинај кој кажа дека Белград ќе биде бомбардиран ако само еден српски војник влезе на Косово. Вучиќ праша кој ќе го бомбардира Белград?

-Да не го бомбардира лично Харадинај? Сега сериозно. Немам коментар на бесмислици и глупости. По тоа се гледа што тие сакаат. Србија ќе ги зачува мирот и стабилноста, тоа е за нас најважно. Нашата сила е и нашата војска, а таа ќе биде сè посилна – истакна српскиот претседател.

10.03.2022 - 18:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега