За хрватскиот Претседател нема „северна“ - на земјава и се обраќа со Македонија

 

За хрватскиот претседател Зоран Милановиќ нема северна. Тој речи си целата прес конференција на земјава и се обраќаше со името Македонија. Во еден момент дури и самиот потенцираше дека не сака никого да провоцира, па рече Северна Македонија согласно меѓународните договори.
Но веднаш, како што продолжи со својата изјава, повторно зборуваше за Македонија.
За разлика од него, Претседателот Пендаровски навистина внимаваше секогаш да каже Северна Македонија.

Милановиќ беше актуелен во земјава кога пред неколку месеци упати остри критики до Бугарија и до Европската Унија обвинувајќи ги дека ја „шутираат“ Македонија и покрај тоа што земјава направила се па дури и го сменила своето име.

„ Во Бугарија се навикнале да ја третираат Македонија како некој што го шутираш од страна, тоа не е в ред. Тие играат примерно и по правила, ги исполнија сите демократски правила што можете да ги замислите. Се покорија на грчките барања, ги примија во друштвото на мртвите поети, но овој услов на Бугарија е премногу. За некои работи треба јавно да се проговори. Македонија е жртва во случајот“ порача тогаш хрватскиот претседател Зоран Милановиќ

30.06.2021 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега