Задолжително превривање: Заматена водата во Кавадарци
Поради обилните дождови, водата за пиење во Кавадарци е заматена.
Од ЈП Комуналец преку Фејсбук информираат дека водата мора да се преврива пред пиење.
„Известуваме дека поради временските услови и обилните врнежи на дожд, големата количина на вода која се слева во изворите Лукар предизвика заматување на водата во истите. Затоа е препорачливо водата, доколку се користи за пиење, задолжително да се преврива. Се надеваме дека во брзо време ќе се стабилизираат временските услови и ќе дојде до избистрување на водата“, велат од таму.
01.04.2025 - 21:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа