Зеленски: Холокаустот никогаш не смее да се заборави или повтори
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, по повод Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот, упати порака дека ова злосторство никогаш не смее да се заборави и никогаш да не се повтори.
„Тоа беше намерен обид на нацистите да избришат цел народ, да ги убијат сите негови членови, да уништат се што не потсетува на Евреи. Шест милиони жртви. Злосторството на холокаустот никогаш не смее да се повтори, но постепено, за жал, сеќавањето на холокаустот бледнее, а злото што се обидува да ги уништи животите на цели народи сè уште останува во светот“, напиша Зеленски на Телеграм.
Тој нагласи дека рамнодушноста е „ѓубриво за злото“ и дека е неопходно „да се надмине омразата што раѓа насилство и убиства“.
За време на Втората светска војна, шест милиони Евреи станаа жртви на нацистичката политика насочена кон елиминирање на оние што се сметаат за „закана“ или „инфериорни“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа