(ФОТО) Спречена трагедија во Кавадарци: Клима висела над минувачите пред Уни Банка

 


По добиена пријава во Центарот за управување со кризи (ЦУК) за накосена и расклатена клима уред над Уни Банка во Кавадарци, која претставувала потенцијална опасност за минувачите и клиентите на банката, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, веднаш стапи во контакт со градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, соопшти ЦУК.

Благодарение на брзата координација и реакција, проблемот беше веднаш отстранет, а клима уредот безбедно фиксиран.

ЦУК апелира до граѓаните, доколку забележат слични опасности кои можат да го загрозат нивниот живот, здравје или материјални добра, веднаш да пријават на бесплатниот телефонски број за итни повици 112 во ЦУК. Вашата навремена пријава може да спречи несакани последици.

16.04.2025 - 10:33

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега