Меџити за исклучување на Таравари: „Се е на маса“
Високи претставници на Коалицијата Вреди денеска во седиштето во Скопје одржуваат состанок по одлуката на АА предводена од Арбен Таравари да настапи самостојно на локалните избори.
На состанокот освен лидерите на БЕСА, Билал Касами, Изет Меџити на Демократското движење, и на Алтернатива, Зекири Ибраими, присуствуваат министри и пратениците од овие три партии, но и градоначалници и други функционери.
Претседателот на Демократското движење и вицепремиер Меџити на новинарското прашање дали на состанокот ќе се разговара за исклучување на Таравари, рече дека се е на маса.
Пред почетокот на состанокот изјава за медиумите даде градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу кој истовремено е и потпретседател на Демократското движење, кој рече дека негово лично мислење дека Коалицијата ВРЕДИ треба да има заеднички настап на Локалните избори, но за официјалниот став рече да ги почекаме заклучоците од денешниот состанок.
Лидерот на БЕСА, Билал Касами, пред состанокот несакаше да даде изјава. Рече дека она што ќе биде како заеднички став на овие три партии од коалицијата ВРЕДИ ќе биде соопштено.
На состанокот присуствува и министерот за европски прашања, Орхан Муртезани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа