10-годишно момче остана без рака од огномет, тешко повреден и брат му

 

 

На десетгодишно дете синоќа му била ампутирана раката во Подгорица поради повреди предизвикани од пиротехнички средства, изјави лекарот во Заводот за итна медицинска помош, Немања Бечиќ.

Тој за порталот РТЦГ изјави дека и братот на детето добило тешка повреда на раката.

Бечиќ во утринската програма на ТВЦГ објави дека претходната вечер во Заводот за итна медицинска помош била бурна. „Имавме трауматска ампутација на дете од пиротехнички средства“, изјави Бечиќ. Тој за порталот РТЦГ објасни дека се работи за 10-годишно момче и дека повредата била предизвикана од огномет.

„Станува збор за повреда на раката со голема траума на петтиот прст. Тој е упатен на натамошно лекување во Институтот за детски болести“, изјави Бечиќ за порталот РТЦГ.

09.01.2023 - 21:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега