ФОТО: Владимир загина како херој на Први Мај - Се обидел да помогне па заминал во смрт
Незапаметена трагедија ја потресе Србија која четири лица загинаа во септичка јама. Владимир Изљамовиќ од Топола, е херојот кој загина во септичката јама, додека се обидувал да спаси семејство од неа.
- Владимир беше дојден во својата викендичка, која е веднаш до семејството кое почина во трагедијата. Живее во градот со сопругата и има две деца. Кога слушна дека семејството вика за помош, без размислување притрча, ама за жал и тој се задуши од амонијакот, велат соседите за српските медиуми.
Тој бил вработен во јавното комунално претпријатие Топола, а сите соседи за него велат дека бил прекрасен и вреден човек.
- Беше многу добар човек, образован, некое време работеше во аптека, па потоа смени работа. Секогаш помагаше и замина како херој...велат соседите за Блиц.
Инаку, трагедијата се случи во Топола околу 17 часот кога во септичка јама на семејна фарма, се задуши четиричлено семејство. До несреќата дошло кога еден од членовите паднал во јамата, а другите обидувајќи се да помогнат, починале со него.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа