22-годишна скопјанка заработи кривична - полицијата дома и најде дрога
СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.К.(22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 12.02.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавената, при што била пронајдена и одземена марихуана, соопштија од полицијата.
21.02.2025 - 11:58
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа