Забрана за полнење гориво на аеродромот во Белград

 

Аеродромот „Никола Тесла“ во Белград денеска забрани полнење гориво поради неповолните временски услови. Ер Србија излезе со соопштение во врска со забраната која стапи на сила денеска во 16 часот и 17 минути.

„Надлежните служби на националниот авиопревозник прават се што е во нивна моќ за одржување на редовен сообраќај, во согласност со планираниот распоред на летови, и да се грижат за сите патници чии летови може да доцнат или откажат. Сите патници кои ќе ги пропуштат своите врски ќе бидат пренасочени на други соодветни летови“, се вели во соопштението.

Летовите може да бидат одложени или евентуално откажани. Во тој случај сите патници ќе бидат пренасочени на други летови.

17.04.2025 - 23:21

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега