Адвокатот на Васил: Казната е превисока
Очекувана беше осудителната пресуда, рече адвокатот на Васил Јованов, Сашко Дуковски во изјава за медиумите по пресудата за неговиот клиент.
Дуковски истакна дека висината на казната не е во согласност со воспоставената судска пракса на територијата на Апелацискиот суд во Скопје.
-Иста ваква сообраќајка во 2019 година, на истото место и истиот пешачки премин е завршена со 3,5 години. Сетете се на предметот во Велес – има само еден прекршок повеќе од Васил затоа што сторителот се даде во бегство. Правосилно заврши со 8 години. Секако е трагичен настан, но не може од него да се започнува со спроведување на нова казнена политика во Македонија. Само за тоа ни е приговорот. Судот во деловна мера не го ценеше искреното каење и личноста на сторителот. Казната е превисока, рече Дуковски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа