Ахмети и се пожали на претседателка на Косово за позицијата на Албанците во Македонија

 

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети вчера беше пречекан во Приштина од страна на претседателката на Република Косово, Вјоса Османи. Ахмети се заблагодарил за топлиот прием и ја изразил својата длабока загриженост за според него, влошувањето на политичката и институционалната состојба во Северна Македонија.

- „Денес, Албанците се соочуваат со опасна офанзива насочена кон демонтажа на клучните столбови на Охридскиот рамковен договор. Уставниот суд се трансформира во партиски инструмент со кој се укинуваат темелите на еднаквоста, како што се употребата на албанскиот јазик и механизмите на Бадентеровото мнозинство и балансерот. Ова претставува флагрантно прекршување на принципот на меѓуетничка еднаквост,“ истакнл Ахмети на средбата со Османи.

Додал дека  европската агенда е маргинализирана, а земјата е оддалечена од патот на интеграцијата и соживотот.

30.04.2025 - 09:42

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега