Албанија во мрак: Енергетската криза го исклучи јавното осветлување
Албанија им нареди на градовите, ако биде потребно, да ги исклучат светлата во јавните установи и уличното осветлување поради енергетската криза која ја предизвикаа сушата и растот на цената на струјата.
Поради недостатокот на вода, државата електроенергетска компанија во неделата запред 11 од 13 турбини во хидроелектраните и беше присилена голем дел од струјата да ја увезува.
Хидроелектраните веќе со месеци имаат мака поради тоа што не врне дожд, а тешката ситуација предизвика и огромен раст на цената на струјата во голем број европски земји.
„Во следните два дена нема да има дожд и работите само се влошуваат, затоа мораме да се потпреме на увозот“, кажа министерката за енергетика Белинда Балуку.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа