Лафчиски се сретна со грчкиот началник Хупис: Продолжува воената соработка
Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, кој присуствува на Меѓународниот саем за одбрана и вооружување DEFEA 2 во Атина, се сретна со началникот на Националната одбрана на Грција, Димитриос Хупис.
На средбата било потврдено продолжувањето на меѓуармиската соработка, особено во воената едукација, обуката на специјалните сили, заедничките вежби, учеството во меѓународни операции и стандардизацијата во НАТО.
Генерал Лафчиски изразил благодарност за помошта што Грција ја пружи по пожарот во Кочани, нудејќи медицински капацитети за повредените, оценувајќи го тоа како пример за солидарност и пријателство меѓу двете земји. Тој претходно за МИА изјави дека соработката со Грција е плодна и дека Грција е голем поддржувач на Северна Македонија.
Меѓународниот саем за одбрана ДЕФЕА 2025 во Атина собра 436 изложувачи од 37 земји и 98 официјални делегации.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа