Американски сенатор: Русија не може да добие една војна, а камоли да почне нова во БиХ

 

Американскиот сенатор Крис Марфи испрати порака преку Твитер како реакција за изјавата на рускиот амбасадор Игор Калабухов за потенцијалното членство на Босна и Херцеговина во НАТО.

Марфи смета дека Русија во моментов ја губи војната во Украина и нема шанси да почне нова во БиХ.

„Речиси сите воени сили се заглавени во војна во Украина каде што губат. Русија не може да добие една војна, а камоли да почне нова во БиХ“, напиша Марфи.

18.03.2022 - 21:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега