Апсење во Куманово: Приведени девет лица, запленети 269 кг тутун

 


Вчера во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово во соработка со Државен пазарен инспекторат ги привеле Р.М. (53), Х.Р.(43), А.А.(52) , С.Ф. (69), Ф.Ј. (43) , А.С.(74), Н.И.(70), А.И.(56) и еден малолетник, сите од Куманово, затоа што на Градскиот пазар и пазарот во с.Долно Којнаре, кумановско, биле затекнати при вршење нелегална продажба на тутун.

Притоа, кај нив биле пронајдени и одземени 269 килограми тутун. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

Одземениот тутун бил предаден на Државен инспекторат за земјоделие, додека од Државен пазарен инспекторат ќе бидат преземени мерки за вршење нерегистрирана дејност.

27.01.2025 - 11:56

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега