Премиерот, претседателката, Тошковски, министерот за транспорт: Каде функционерите го дочекаа Христовото воскресение?

 

Од фотографиите на социјалните мрежи објавени кај претседателката Гордана Силјановска Давкова, може да се забележи дека во текот на вчерашната вечер Христовото воскресение го дочекала во Охрид во црквата Св. Богородица Перивлепта.

Во оваа црква вечерта биле присутни и високи функционери, меѓу кои премиерот Христијан Мицкоски со семејството, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за транспорт и врски Александар Николоски, а домаќин се разбира бил и градоначалникот на Охрид, Пецаков, кој доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Во возвишената атмосфера на црквата Св. Богородица Перивлепта, под светлината на свеќите и со молитви во срцата, го дочекавме Христовото воскресение, со смирение и духовна радост.
Како стожер на верата, Христовото воскресение, кај секој христијанин веќе два милениума е симбол на животот и ги крепи нашата верба и надеж, инспирирајќи нè да ја негуваме духовностa и да даруваме љубов секому и секаде, напиша претседателката на ФБ.
20.04.2025 - 11:32

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега