Арсовска: Го фатив Дудуш како ги труе скопјани
Курто Дудуш фатен како ги труе граѓаните на Скопје и Шуто Оризари, ќе одговара за 7 кривични дела без разлика на драмите што се обидува да ги продаде во јавност!!!, пишува на ФБ градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска.
„Денес на терен инспекторите на градот Скопје со асистенција на интервентна полиција, констатираа нови кривичните дела на Курто Дудуш, при креирањето нова дива депонија за што е поднесена нова кривична пријава, со која дополнително се бара одговорност за загадувањето со канцерогени материи, со што Дудуш директно го загрозува здравјето на граѓаните на градот Скопје.
На овие кривични пријави им претходи кривична пријава за дива депонија на територија на општина Шуто Оризари, која Курто Дудуш ја прави на лично свое приватно земјиште за што сам со себе во име на општината си склучил договор, а за што е фатен изречена е глоба и веќе е покрената пријава за соодветна одговорност.
Јавноста треба да знае дека Комунална Хигиена Скопје редовно ги завршува своите активности во општина Шуто Оризари, а за она што е надлежност на градоначалникот Курто Дудуш и за контејнерите кои сам ги поставува на територијата на општината, друг не може да биде одговорен.
До овој момент против градоначалникот на општина Шуто Оризари Курто Дудуш поднесени се повеќе од 40 кривични пријави од кои најголем дел се однесуваат на сериозна злоупотреба на буџетски средства, исплати на пари без соодветни постапки и распишан тендер, креирање на диви депонии, загрозување на животната средина и здравјето на граѓаните.
аосот на Дудуш во Шуто Оризари настанат поради неговата неспособност и лукративни интереси, ќе го средиме за да се спречи загрозувањето на здравјето на жителите од општината, а ќе одиме до крај за целосно расчистување на случајот за Дудуш, криминогениот трујач на Скопјани да ја добие заслужената казна за делата за кои е утврдено одговорен“, стои во објавата на Арсовска на ФБ.
10.01.2025 - 19:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа