Загинаа 221 лице: Расте бројот на жртвите во трагедијата во ноќниот клуб „Џет сет“
Нов биланс на жртви од трагедијата во Санто Доминго – најмалку 221 загинати во уривањето на покривот на ноќниот клуб „Џет сет“, соопштија властите. Потрагата по исчезнатите сè уште е во тек.
Спасувачките тимови извлекоа речиси 200 преживеани од урнатините во вторникот, објави Ројтерс.
Директорот на Центарот за вонредни ситуации Хуан Мануел Мендез изјави дека спасувачките служби речиси целосно го пребарале местото на несреќата и дека останува да се пребара мал дел од клубот, пренесе АП
10.04.2025 - 20:08
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа