Бектеши: Македонија е една од земјите кои најдобро се справија со пандемијата на економски план

 

Министерот за економија Крешник Бектеши во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 истакна дека Македонија е една од земјите кои најдобро се справиле со пандемијата на економски план.

„Почнувајќи од зголемување на минималната плата преку мерките на Владата, кои освен субвенционирање на плати, издаваше и ваучери на граѓаните – ваучери за туризам и ваучери за користење на домашни продукти, прехрамбени и други“, посочи Бектеши.

Тој најави дека во петтиот пакет мерки ќе биде и продолжувањето на грејс периодот за отплата на договите.

„Што се однесува до кредитите, такви беа дадени преку Развојната банка и не само што каматната стапка беше 0, туку се даде и грејс период од 12 месеци за почеток на отплата на долгот. Продолжувањето на грејс периодот ќе биде дел од петтиот пакет мерки“, вели Бектеши.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.02.2021 - 22:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега