Бензинот во 12 држави е над две евра: Турција го точи за 162 денари, литар во Русија чини 21 денар

 

Војната во Украина ги потресе светските пазари, па цените на гасот, дизелот и бензинот скокнаа насекаде во светот, а во неколку европск држави е поголем од две евра – Норвешка, Финска, Беглија, Данска, Франција, Германија, Грција, Италија, Холандија, Португалија, Шведска и Турција.

Во Австрија во еден момент минатата недела бензинот чинеше 2,1 евро, додека од утрово се намали на 1,9. Цените постојано се менуваат, а исто така тие се речиси двојно поголеми отколку минатата година овој период.

Најскап бензин во моментов се точи во Турција на некои бензински пумпи по неверојатна цена од 2,63 евра, додека литар дизел по Норвешка, најскап е во Холандија со цена од 2,3 евра, пишуваат светските медиуми.

Најевтино гориво минатата недела се точеше во Русија по цена од 0,35 евра за литар, додека гасот се продаваше за 0,19 евра.

14.03.2022 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега