Битиќи демантира дека ја напушта СДСМ: Цврсто стојам на патот на социјалдемократијата!
„Ги повикувам медиумите како и политичките субјекти да не шпекулираат и да не објавуваат вести од типот на„неофицијално дознава... “, пишува на својот ФБ профил Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и вицепремиер на Владата на Република Северна Македонија.
Понатаму, во својата објава, Битиќи пишува дека неговото членство во СДСМ и улогата на потпретседател се вкоренети во вредностите за кои тој стои и ги споделува со своите сопартијци.
Оваа реакција на Битиќи доаѓа по објавените текстови на некои медиуми кои објавија вести дека Битиќи наводно преминува во ВЛЕН, како и неговото настапување во собранието како независен пратеник.
„Како пратеник достојно ќе ги претставувам сите кои гласаа за нашата коалиција, а останувам и сојузник на сите кои се за искрени внатре-партиски реформи. Заедно со моите сопартијци ќе ги донесеме тие промени. Тука сум, не одам никаде, цврсто стојам на патот на социјалдемократијата!,“ порачува Битиќи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа