Почина поранешен кошаркар на Карпош Соколи, имаше само 38 години
Поранешниот српски кошаркар кој настапуваше и за Карпош Соколи, Драган Лабовиќ почина од срцев удар на 38-годишна возраст, информираат денеска српските медиуми.
Лабовиќ важеше за голем талент на српската кошарка кој не го искористи својот потенцијал. Своите најдобри денови ги имаше во ФМП каде во 2007 ја доби МВП наградата во Купот на Србија, а две години подоцна стана и најдобар стрелец во АБА лигата.
Дресот на Карпош Соколи го носеше во сезоната 2016-2017 и тогаш беше еден од најдобрите во скопскиот тим со кој го освои Купот на Македонија и играа во финалната серија во првенството против МЗТ Скопје.
Сепак, животот на Лабовиќ беше со многу скандали, заврши и на психијатрија, а ризикуваше и затворска казна. Поради проблемите надвор од кошарката рано ја заврши кариерата, престана да игра на 32 години.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа