Бјелогрлиќ го призна делото: Пуштен е да се брани од слобода
Заврши распитот на актерот Драган Бјелогрлиќ во Основното јавно обвинителство во Ниш. Укината е мерката за негово задржување и е пуштен во натамошниот тек од постапката да се брани од слобода.
-Во потполност го призна извршувањето на кривичното дело и изрази жалење. Имајќи ја предвид таквата одбрана Обвинителството одлучи да ја укине мерката за негово задржување, изјави портпаролот на Вишото јавно обвинителство во Ниш, Владимир Станојвеќ.
Инаку, сослушувањето на актерот и режисер почна во 10 часот откако тој вчера рано наутро повеќе пати со тупаници по глава го удри режисерот Предраг Антонијевиќ во нишкиот хотел „Амбасадор“.
Му беше определена мерка притвор од 48 часа поради нападот, а денеска на сослушувањето таа мерка е укината и тој е пуштен да се брани од слобода.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа