Борел: Србија да продолжи да работи на владеењето на правото и дијалогот со Приштина

 

По повод отворањето на Кластерот 4 во пристапните преговори на Србија со ЕУ, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави дека е важно Белград да продолжи да работи на владеење на правото, усогласување со надворешната и безбедносната политика ЕУ и дијалогот со Приштина, јави дописникот на МИА од Белград.

-Ви честитам на тој важен чекор на патот на Србија кон ЕУ. Сега е важно да се постигне напредок во понатамошната работа, вклучително и на владеење на правото, усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика и дијалогот меѓу Белград и Приштина, напиша Борел на Твитер.

Во реакциите по отворањето на првиот кластер за Србија се јави и унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто кој порача „да зависеше од нас, Србија ќе беше во Европската Унија уште вчера".

Потсетувајќи дека Србија досега има отворено 22 од 35 поглавја во пристапните преговори, Сијарто оцени дека требало да се отворат најмалку двојно повеќе бидејќи, како што кажа, Србија е подготвена.

Тој додаде дека во време кога ЕУ се соочува со „историски предизвици", проширувањето претставува „многу добра вест и можна успешна приказна". 

14.12.2021 - 14:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега