Ужас во Скопје: Малолетничка од дома земала 25.000 евра за да им даде на соученици кои и се заканувале со нејзиниот болен брат

 


Денеска во 00.30 часот по полноќ во СВР Скопје, 52-годишник од Скопје пријавил дека неговата малолетна ќерка, ученичка во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, подолг период добивала закани од двајца соученици дека физички ќе го нападнат нејзиниот помал брат, кој е лице со здравствени проблеми, доколку не им даде пари.


 

Според пријавеното, таа била принудена и во повеќе наврати им давала пари, при што од домот одзела вкупно 25.000 евра, информираа од МВР. 

Се преземаат мерки за расчистување на настанот. 

09.05.2025 - 13:53

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега