Борисов: Не ја повторувајте нашата грешка, туку веднаш решете ги најтешките прашања во бугарско-македонските односи
Не ја повторувајте нашата грешка, туку веднаш решете ги најтешките прашања во бугарско-македонските односи, ваков совет му дал лидерот на ГЕРБ и поранешен бугарски премиер Бојко Борисов на премиерот Димитар Ковачевски, објави БГНЕС.
Средбата меѓу Борисов и Ковачевски се одржала во седиштето на партијата ГЕРБ. На неа учествувале двајцата поранешни министри за надворешни работи, Екатерина Захариева и Даниел Митов, како и поранешниот вицепремиер Томислав Дончев.
Борисов истакнал дека целиот демократски западен свет го поздравил потпишувањето на Договорот за пријателство и добрососедство меѓу Бугарија и РСМ во август 2017.
„Не ја одложувајте клучната тема за крај. Тоа беше наша грешка. Мора веднаш да се решат важни прашања поврзани со историјата и јазикот на омразата. Фати го бикот за рогови. Решете ги веднаш, му кажал Борисов на Ковачевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа