Вчера „потоп" во Македонија - УХМР најавува што не чека попладнево

 

Во изминатите 24 часа до 08:00 часот утрово на Попова Шапка измерени се шест литри на метар квадратен наврнат дожд, пет во Штип, четири во Пожар-Радовиш, три во Берово и Демир Капија, два литри на метар квадратен во Крива Паланка, Велес, Кавадарци и Лазарополе и еден во Скопје-Петровец, Битола, Маврови Анови и Пожаране.

Од УХМР соопштија дека дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, се наведува во соопштението, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе биде во интервал од 20 до 28 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе достигне до 28 степени. 

08.05.2025 - 09:48

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега