Брнабиќ: Разочарана сум од меѓународната заедница

 

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ за РТС изјави дека Србите на северот на Косово се на барикадите бидејќи бараат основни човекови права и „ништо повеќе од тоа“. Брнабиќ истакна дека се плаши од ескалација, но дека Србија ќе направи се за да го зачува мирот.

Таа рече дека е длабоко разочарана од реакцијата на меѓународната заедница и одговорот на меѓународната заедница на, како што вели, низата провокации на Албин Курти кон Србите.

„Србите во Косово се слушаат во Брисел и Вашингтон само кога се на барикадите. И дури и тогаш не нè слушаат многу добро“, рече таа.

„Декември започна со тоа што Курти го назначи Ненад Рашиќ за претставник на Србите во Косово и во приштинските институции. Тој е човекот кој доби 0,17 отсто од гласовите на изборите. Немавме соодветна реакција од Брисел, само реакција која ги повика двете страни на деескалација. Дури откако острата реакција на претседателот Александар Вучиќ беше проследена со нешто појасна осуда.

Вака почна декември, кој завршува којзнае како, но засега со повеќе од 16 брутални провокации, прекршување на бриселскиот договор, упади на косовската полиција вооружена до заби и напади на специјалните сили на северот на Косово. Тоа е брутално кршење на договорот.

Србите на северот бараа само да се почитуваат основните човекови права и да се знае каде е приведен Дејан Пантиќ и дека добива лекови. Ги имате сите европски институции кои немо гледаат се, немо набљудуваат“, изјави Брнабиќ за РТС.

„Се плашам од ескалација, ќе направиме се за да го зачуваме мирот и таа некаква стабилност, иако, за жал, не гледам дека има стабилност за Србите на Косово“, рече Брнабиќ и додаде дека Белград ќе ги разговорите со меѓународната заедница пред се со Брисел. Вели дека вакви разговори се водат секој ден.

„Претседателот Вучиќ е во секојдневен контакт со Србите на Косово, тие се во страшна ситуација и можам целосно да разберам дека им е доста од се и дека веќе немаат доверба во претставниците на меѓународната заедница.

Тие луѓе само сакаат да го спроведат Бриселскиот договор. Дали навистина е толку многу да се бара од ЕУ, која го потпиша тој договор и го гарантираше неговото спроведување, да ја принуди Приштина да го спроведе по 10 години? Не мислам така“, додаде таа.

„Очекуваме меѓународната заедница, пред се Брисел, но и Вашингтон, да извршат притисок врз Приштина што поскоро да започне со спроведување на Бриселскиот договор. Тоа значи формирање на Заедница на српски општини. Не увери и американскиот претставник Ескобар дека тоа треба да го направат што е можно поскоро“, изјави Брнабиќ за РТС.

19.12.2022 - 14:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа