Брнабиќ: Животот на Вучиќ е загрозен поради неговата борба за владеење на правото, против мафијата и организираниот криминал
Српската премиерка Ана Брнабиќ вели дека Србија е безбедна земја и оти за тоа сведочи добивањето информации од Европол за подготовката на атентатот на претседателот Александар Вучиќ.
Одговарајќи на новинарско прашање во Брисел рече дека Србија е просперитетна земја во која претседателот се бори да постојат силни институции.
-Неговиот живот е загрозен бидејќи се бореше за владеење на правото и затоа што почна борба против мафијата и организираниот криминал, рече Брнабиќ.
Оцени дека Србија не би била безбедна доколку не постои соработка со службените низ светот.
-Апсолутно сме безбедна земја, токму поради меѓународната соработка. Само така сме безбедни рече премиерката.
Додаде и дека референдумот за уставните промени го истуркала Српската напредна партија.
-Не добивме поддршка за тоа од цивилното општество, кое секојдневно зборува дека се бори за независно судство, а кога дојде денот да кажеме „да“, тие кажаа „не“, кажа Брнабиќ.
Кажа дека копањето литиум не била тема денес во Брисел.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа