ФОТО: Американецот Роберт Превост е новиот папа
Американецот Роберт Превост е новиот папа. Тој го избра името Лео XIV Превост предмалку се појави на терасата во Ватикан откако претходно од оџакот на Систинската капела излезе бел чад.
Повеќе од 40.000 луѓе во живо во Ватикан чекаа дали 133. кардинали денеска ќе го изберат новиот поглавар на Римокаточката црква, по смртта на папата Франциск на 21 април.
Според традицијата, Доминик Мамберти, високиот кардинал ѓакон се појави на балконот на „Свети Петар“ и го објави историскиот момент со зборовите „Habemus Papam“ – „Имаме папа“.
Пред појавувањето на балконот, во изолираните сали на Ватикан, новоизбраниот папа се подготви избирајќи го своето папско име, кое често укажува на насоката на неговото идно раководење.
Тој ќе биде облечен во новоизработена бела папска облека и ќе го стави церемонијалниот рибарски прстен, пред да биде спроведен низ Салата на благословите до балконот познат како Лоџа на благословите.
Верниците од новиот папа ќе го добијат првиот благослов познат како „Urbi et Orbi“ – „За градот и светот“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа