Бугарија добила официјално барање од Русија: Ќе плаќа во рубљи или ќе остане без гас

 

Бугарскиот медиум „Новини“ објави дека Бугарија добила писмо од „Гаспром“ во кое се бара рускиот гас да биде плаќан во рубљи, а не како досега во евра или долари.

Министерот за енергетика на нашиот источен сосед, Александар Николов кажа дека во петокот добиле известување во кое било побарано да се плаќа во рубљи.

„Русија бара да се плаќа во рубљи, а засега не знаеме дали тоа е легално и во согласност со договорите, но и како би се применувало. Ќе го усогласиме ставот со Европската унија, а следната исплата треба да биде на 18 април“, кажа министерот.

Бугарија го поддржува плаќањето во евра или долари, па останува да видиме дали ќе биде прекинат гасот ако не биде исплатен во руската валута.

04.04.2022 - 18:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега