Бугарски член на Историската комисија: Се врши притисок врз С. Македонија да биде поостра во преговоритe
Професор Иван Илчев, член на Бугарско-македонската историска комисија за бугарска Нова, изјави дека се вршело притисок врз преговарачари од македонската страна за Македонија да биде поостра во преговорите.
-Никогаш не сме биле под притисок за време на преговорите на Заедничката историска комисија, додека другата страна има таков притисок, да биде поостра со нас, изјавил проф. Иван Илчев, член на Бугарско-македонската историска комисија, објави бугарска „Нова“.
Тој го коментираше и неодамнешниот попис на Бугарите во Македонија.
„Не сум слушнал толку пцовки за оние кои се осмелиле да се наречат Бугари во Македонија, колку од македонската пописна комисија. 3500 луѓе се осмелија да кажат дека се Бугари по повеќе од 100 години насилство врз нив. Ова не е малку број и говори за ставовите негувани во Република Северна Македонија со децении“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа