Бугарското МНР: Очекуваме ефикасна истрага и правда од властите во Северна Македонија

 

 

Министерство за надворешни работи најостро ги осудува инцидентите од 27 јули 2023 година во градот Скопје, во кои беа повредени бугарски државјани, приврзаници на ПФК „Левски“, а еден од нив беше особено тешко повреден. Ова се наведува во ставот на бугарското министерството за надворешни работи по настаните што се случија вчера пред и по фудбалскиот натпревар меѓу ПФК Левски и фудбалскиот клуб Шкупи од Скопје а кое го пренесуваат бугарските медиуми.

„Повредениот бугарски државјанин моментално е во стабилна, но тешка општа состојба и се опоравува по операцијата во болницата во Скопје. Претставници на бугарската амбасада се во постојан контакт со повредениот сонародник и неговите роднини, како и со локалните здравствени власти“ се истакнува во соопштението на бугарското МНР.

„Жалиме што позитивниот и спортски дух на натпреварот помеѓу ПФК Левски и ФК Шкупи беше нарушен со акти на агресија надвор од фудбалскиот терен. Очекуваме надлежните органи во Република Северна Македонија да ги преземат потребните активности за ефикасна истрага и спроведување на правдата во врска со тешката несреќа“, наведуваат од тоа министерство.

И додаваат: „Уште еднаш ја нагласуваме клучната важност за преземање ефективни мерки за спречување на вакви акти на агресија и гарантирање на безбедноста на сите граѓани“.

28.07.2023 - 18:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега