ВЛЕН: Цените паѓаат, семејствата заштедуваат речиси 2.000 денари месечно
Врз основа на податоците од ССМ – Сојузот на синдикати на Македонија, трошоците за храна и пијалоци за четиричлено семејство се намалиле од 23.427 денари во февруари на 21.280 денари во април – намалување од 1.947 денари. Падот на цените е резултат на мерката за замрзнување на цените и ограничување на трговските маржи, која беше во сила од февруари до април 2025 година, велат од ВЛЕН.
„Ова достигнување е резултат на неуморната работа на министерот за економија, Бесар Дурмиши кој, како член на коалицијата ВЛЕН, го води Министерството за економија и труд.
Според пресметките на ССМ, трошоците за храна и пијалоци за четиричлено семејство се движеле на следниов начин:
Февруари – 23.427 денари
Март – 21.838 денари
Април – 21.280 денари
Според ССМ, од февруари до април 2025 година, трошењето за храна и пијалоци се намалило за 1.947 денари. Ова намалување на потрошувачката, заедно со намалувањето на инфлацијата (која во март изнесуваше 2,7%), јасно го покажува успехот на мерката на Владата и нејзиното директно влијание врз намалувањето на трошоците за живот.
Исто така, важно е да се напомене дека Владата ВЛЕН, од почетокот на својот мандат, континуирано работи на подобрување на животниот стандард на граѓаните преку низа социјални и економски мерки. Во оваа насока, Министерството за економија и труд изготвува нов модел на потрошувачка кошничка, кој ќе се базира на реални податоци од институциите и ќе ги одразува реалните трошоци за живот на граѓаните.
ВЛЕН за подобар, поевтин и подостоинствен живот!“, стои во соопштението од ВЛЕН.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа