Бугарското собрание утре ќе гласа за предлог владата на Николај Габровски

 

На редовна седница, утре, бугарското Народно собрание ќе гласа за предлог владата „Габровски”, објавено е на веб-страницата на парламентот.

Прва точка на дневниот ред утре ќе биде изборот на премиер, вклучувајќи ја и структурата и изборот на членовите на новата бугарска Влада.

Движењето за права и слободи и партијата „Бугарски подем” на поранешниот вршител на должноста премиер Стефан Јанев доцна вечерва ќе се изјаснат дали ќе поддржат влада со мандат на ГЕРБ-СДС.

Преостанатите партии и коалиции во Народното собрание – „Промените продолжуваат”, „Демократска Бугарија”, БСП и „Препород” веќе се изјаснија дека ќе гласаат против.

 

13.12.2022 - 20:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега