Чупеска: Работа на владата е да ги заштити граѓаните за да не дојде до бојкот

 

Потпретседателката на СДСМ Ана Чупеска, за емисијата „Аргумент плус“ на ТВ24 истакна дека СДСМ во изминатиот период, пред најавениот бојкот на маркетите редовно го адресираше прашањето за ненормалниот раст на цените и за триковите што ги прават трговците со дозвола на владата.

-Не мора да си, не знам каков, економски аналитичар за да видиш како драстични се цените, при што платите не се зголемуваат, рече Чупеска.

Таа додаде дека веќе постојат добри решенија, од претходната влада, кои покажаа добар резултат, но и предлози на СДСМ за намалување на ДДВ на храната.  

-Фактот што воопшто власта не сака да слушне на таа тема или даноците коишто ги предлагавме да се намалат се игнорираа и затоа се доведоа самите во ваква ситуација. Сега има апсурдна ситуација да владата поддржува бојкот. Сами против себе ли? Кого поддржуваат, да прашам? Траги комичмни се тие блефови, коишто ги продаваат сега за поддршка на бојкотот. Па нивна работа не е да поддржуваат бојкот, туку да направат ситуација да не дојде до бојкот, да ги заштитат потрошувачите и граѓаните, порача потпретседателката на СДСМ Ана Чупеска, за емисијата „Аргумент плус“ на ТВ24.

29.01.2025 - 20:14

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега