Црногорската полиција уапси криминалци кои планирале да убијат обвинители и полициски службеници
Црногорската полиција уапсила криминална организација која планирала ликвидација на обвинители и полицајци.
Како што пишуваат медиумите во Подгорица, на мета на шестчлената група, блиска до озогласениот шкаљарски клан, биле специјалните обвинители за организиран криминал Миливој Катниќ и Саша Чаденовиќ, како и полициски службеници од одделот за борба против организиран криминал, Зоран Лазовиќ, Петар Лазовиќ и Иван Ѓоковиќ.
Криминалниот план предвидувал, како што пишува подгоричка „Побједа“, откако овие службеници ќе бидат заменети со смената на власта, да бидат ликвидирани во истовремена акција.
Според информации на порталот Вјести, уапсените криминалци планирале и напад на судијката Билјана Ускоковиќ која водеше предмет против еден високопозициониран припадник на шкаљарскиот клан од Котор.
Црногорското Специјално Обвинителство и полицискиот оддел за борба против организиран криминал во последните година дена успеале да спречат низа на меѓусебни ликвидации на припадници од шкаљарскиот и кавачкиот клан во чија војна од 2015 година досега убиени се повеќе од 50 луѓе.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа