Црвен крст: Обезбедени над 42 милиони денари за помош на настраданите во Кочани
Републичкиот Црвен крст соопшти дека досега се собрани околу 42,7 милиони денари хуманитарна помош за настраданите во пожарот во Кочани и нивните семејства и оти продолжуваат и понатаму со сите механизми за прибирање хуманитарна помош.
-Досега се обезбедни вкупно: 42.739.931,00 денари. Средствата се наменети исклучиво за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани. Ве повикуваме и понатаму сите заедно да ја покажеме нашата хуманост и солидарност за обезбедување помош за настраданите семејства, наведуваат од Црвен крст.
Помошта може да се даде преку:
-Сметка на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданите граѓани во пожарот во Кочани.
-Донации со повик на телефонските броеви на Македонски телеком, А1 Македонија, МТЕЛ 143 400 (донација од 100 денари од телефонски повик).
-Онлајн донации на: https://solidarnost.ckrm.org.mk/online-donacija/
За донации на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF NORTH MACEDONIA
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, NORTH MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228 .
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа