Дачиќ: Имаме гаранции од петте членки на ЕУ кои не го признаа Косово, дека нема да го променат својот став

 

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека Белград има силни гаранции од петте земји-членки на ЕУ, кои не ја признаваат независноста на Косово, дека нема да го променат тој став.

Дачиќ изјави дека тој и претседателот на Србија, Александар Вучиќ се во постојан контакт со тие земји и оти, како што рече, нивниот став е цврст како и досега.

Запрашан за неодамнешната изјава на европските претставници дека новата верзија на француско-германскиот план ја има поддршката од сите 27 членки на ЕУ, тој одговори дека нема да оди толку далеку и, како што рече, не толку брзо.

„Имаше многу верзии на тој таканаречен француско-германски план и не можам да знам во која фаза е, но со сигурност знам дека е прерано да се брои колкава поддршка има во ЕУ“, рече Дачиќ,пренесе Денес.рс.

16.12.2022 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега