Дали Матеј Периш навистина влегол во реката - Игор Јуриќ ја продлабочи мистеријата
Игор Јуриќ, основач на Фондацијата „Тијана Јуриќ“ и Центарот за исчезнати и злоставувани деца, на тема случајот со исчезнатиот Матеј Периш (27) од Сплит, денеска повторно предизвикал недоумица и ја продлабочил мистеријата. Тој се осврнал на снимките кои се појавија во јавноста.
Јуриќ изјавил дека е занемарена снимката која е објавена пред неколку дена, а на која се гледа движењето на исчезнатиот Матеј Периш.
„Некако е занемарена снимката во целата приказна, особено оној дел каде лицето плива во Сава. Снимката се појави, таткото на Ненад Периш рече дека тоа не е неговиот син и оттогаш како да е заборавена. Таа снимка може многу да помогне во насока на пронаоѓање на Матеј, но и да покаже дали некој намерно ја руши истрагата“, истакнува Игор Јуриќ.
„Не постои ниедна снимка на која се гледа како Матеј влегува во вода. Не постои снимка која покажува дека се вратил на скалите. Тоа е многу чудно. Морам да кажам дека во целата приказна нешто не ми одговара. Многу контроверзии има. Каде е остатокот од снимката, цел тој дел од градот е под камери. Неверојатно е одеднаш да му се губи трага“, наведува Игор.
— zoranceran (@zoranceran2) January 8, 2022
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа