Дендијас утре во посета на Тирана
Министерот за надворешни работи Никос Дендијас, по денешниот престој во Приштина, утре ќе допатува во посета на Тирана.
Предвидено е да допатува во градот утрото, кога ќе биде пречекан од неговата колешка Олта Џачка а во 10:15 часот предвидена е заедничка прес-конференција.
„На средбата двајцата министри и делегациите ќе разговараат за некои прашања кои ги преокупираат билатералните односи, пред се забрзување на решавањето на морската граница, процес кој страните веќе го испратија на решавање до меѓународниот суд во Хаг”, јавија албанските медиуми.
Ќе разменат мислења и за прашања од регионот и грчката поддршка за европскиот пат на Албанија.
Претходно медиумите објавија дека во четврток во Албанија ќе престојува грчкиот премиер Мицотакис, кој ќе ги посети Химара, Финиќ и Делвина, на југот на земјата, населени со припадници на грчкото малцинство во земјата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа