Добил син пред 40 дена, го средил станот, но утрово не излезе од рудникот во Србија

 

Милан Стајиќ, братот на Бојан Стајиќ, кој загина во рударската несреќа во Србија даде потресна исповед за српските медиуми.

„Утрово ми се јави една соседка и ми кажа дека имало несреќа, но не знаеше повеќе детали. Потоа ми се јави пријател кој работи како рудар и ни кажа дека брат ми бил во групата од осум лица кои не излегле од рудникот. Тој беше младо момче, само што доби син. Почна да го средува станот, конечно реши сè и сакаше да тргне животот на подобро, но..“, вели Стајиќ.

Бојан бил дел од групата од осум рудари кои се загушиле од метан во рудник, а во несреќата се повредени уште 20 лица.

01.04.2022 - 20:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега