Дојава за бомба во пристаништето Бар, работниците експресно евакуирани
Црногорската полиција во моментов проверува дали е поставена експлозивна направа во пристаништето Бар, изјавија за „Вијести" од Полициската управа (УП).
Од пристаништето соопштија дека вработените веднаш биле евакуирани и дека нивните вработени преземаат мерки и дејствија од нивна надлежност.
Радио Бар јави дека машки глас анонимно пријавил дека во пристаништето Бар е поставен експлозив. Повикот бил околу 12 часот од непознат број, и притоа мажот им соопштил дека доколку не ја известат полицијата „за 10 минути цел Бар ќе биде кренат во воздух", пренесе весникот „Вијести"
07.02.2022 - 17:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа