Доколку го имате овој симптом задолжително тестирајте се - ова е знак дека сте заразени со Омикрон
Омикрон, новиот сој на коронавирус, кој како што утврдија научниците е длеку позаразен од претходниот сој, вртоглаво се шири низ планетата, а пристигна и во Македонија. Иако не се познати сите карактеристики на новата мутација, експертите предупредуваат дека симптомите од инфекцијата се разликуваат од претходните соеви.
Лицата кои се заразиле со Омикрон пријавле како симптомо чувство на гребење во грлото, поради што им се променил гласот, односно засипнатост.
За разлика од делт сојот, каде заболените имале воспаление на грлото, кај заразените со новата мутација симптомот е само гребење.
Овој симптом обично е проследен со затнат нос, но и други вообичаени знаци како што се сува кашлица и болки во долниот дел од грбот.
По студијата која ја спровела апликацијата „ZOE Covid Symptom Study" откриено е дека болката во грлото е меѓу најчесто пријавените симптоми, како кај вакцинираните така и кај невакцинираните лица.
Така експертите навеле дека ова се вообичаени знаци на предупредување на инфекцијата со омикрон сојот: течење на нос, главоболка, замор, кивавица, ноќно потење, болки во мускулите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа