Драма во Хрватска: Маж со закани дека ќе активира бомба, преговарачите на терен

 

 

Маж активирал експлозивна направа во „Клоштар Иваниќ“ во централна Хрватска, а наводно има друга со себе, јавуваат тамошните медиуми. Полицијата и пожарникарите се на терен и им забранија на луѓето да се приближуваат, се наведува во написите.

Полицијата ги евакуирала луѓето кои биле во непосредна близина на мажот. Наводно тој има повеќе оружје со себе.

Според хрватските медиуми, на терен се сите расположливи сили, од полицијата, пожарникарите и брзата помош. Се се случува во близина на училиште и се чека на доаѓањето на пиротехничарите.

На терен е испратен и преговарач.

28.09.2023 - 20:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега