Гаши се зачлени во библиотека
Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска повторно се „зачлени“ во библиотеката „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
Ова следуваше по топлиот пречек при посетата на оваа библиотека по повод Светскиот ден на книгата.
Тој одблиску се информираше за развојот, новините и предизвиците со кои се соочува оваа институција, а во меѓувреме оствари и разговор со студенти, професори, автори и вработени во библиотеката, каде дискутираа за заедничката страст кон книгата и библиотеката.
Гаши изрази подготвеност да понуди секаква можна поддршка за библиотеката, потенцирајќи ја улогата на оваа институција во обликувањето на поактивно и поразвиено општество.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа